Дата-центри со стотици мегавати: Дали енергетскиот систем може да го издржи товарот што Владата го најавува?
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека Владата нема да се повлече од плановите за изградба на дата-центри и дека Македонија треба да фати чекор со технолошкиот развој отвораат сериозни прашања за тоа колку големи капацитети всушност се планираат и колкав товар тие би претставувале за македонскиот енергетски систем. Според соопштението на ДОМ, јавноста сè уште не добила јасен одговор за размерот на проектите, нивната моќност и потребите од електрична енергија, мрежна инфраструктура и вода. Со развојот на вештачката интелигенција, во светот се развиваат хипер-дата центри со моќности од стотици мегавати, а најголемите проекти надминуваат и 1000 MW. Владата досега зборува за преговори со 5–6 потенцијални инвеститори и за создавање центар за ваков тип индустрија, но тоа, како што се наведува, не значи дека се најавени пет дата-центри со вкупна моќност од 500 MW. Токму затоа, според ДОМ, јавноста мора да знае за какви капацитети се разговара, колкава би била нивната моќност и какви потреби би имале од електрична енергија, мрежна инфраструктура и вода. За да се илустрира размерот, ДОМ наведува хипотетички пример: доколку дата-центрите би имале вкупна моќност од 500 MW и би работеле континуирано, нивната годишна потрошувачка би изнесувала околу 4,38 TWh електрична енергија. За споредба, во развојниот извештај на МЕПСО прогнозата за финална потрошувачка на електрична енергија во Македонија за 2025 година изнесува 8,1 TWh. Тоа значи дека таков хипотетички вкупен капацитет би потрошил количина еднаква на повеќе од половина од целата национална потрошувачка. Според ДОМ, кога власта зборува за создавање центар за ваков тип индустрија, овие прашања не можат да бидат оставени за подоцна. Кога премиерот вели дека овој процес е „неповратен“, се поставува прашањето каде се пресметките за ресурсите, кој ќе ја плати цената и што останува за останатите корисници на системот. ДОМ нагласува дека не бара Македонија да го запре технолошкиот развој, туку државата прво да знае што през