Дамјан Андоновски: Страста кон музиката и технологијата ги брише границите меѓу двете области
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Во светот на платежните технологии, каде што прецизноста, безбедноста и усогласеноста со меѓународните стандарди се неопходни, секојдневните предизвици бараат знаење, искуство и способност за брзо донесување одлуки. За Дамјан Андоновски, извршен директор на „КаСис Интернешнл“, тоа е дел од професионалното секојдневие, но надвор од деловните обврски неговата страст има поинаков израз – музиката и свирењето гитара. Во интервју за порталот „Пари“, во рамки на проектот „Биз Бендови“, Андоновски зборува за предизвиците на менаџерската позиција, важноста на интегритетот и менторството, но и за заедничката нишка што ги поврзува неговите две страсти – технологијата и музиката. На прашањето што е најинтересно во процесот на сертификација на платежна технологија за Mastercard, Visa, Diners и American Express, Андоновски објаснува дека најголемиот предизвик, но и убавина во овој процес е тоа што секоја картична шема има свои специфични стандарди на кои мора стратешки да се прилагодат. Индустријата е динамична, па кога ќе се соочат со неочекувани или непланирани барања во текот на сертификацијата, најмногу го мотивира процесот на изнаоѓање на автохтони, независни интерни решенија. Од инженерска и лидерска перспектива, како што вели, фасцинантни му се неограничените можности на чип-параметрите и комплексните конфигурации во самите картички, кои мора да функционираат беспрекорно согласно строгите спецификации на секој од овие глобални брендови. Андоновски работи со M/Chip, VSDC, D-PAS, AEIPS и стандарди како PCI DSS, ISO 20000 и ISO 27000. Опишувајќи како изгледа еден негов работен ден, тој вели дека со оглед на комплексноста на овие стандарди, „мултитаскингот“ за него одамна не е само фаза, туку стандарден начин на функционирање. На шега знае да каже дека неговиот работен ден наликува на присуство во некаков „мултиверзум“, бидејќи бара паралелна виртуелна и ментална присутност во речиси сите сегменти од работењето. Во интервјуто тој зборува и за тоа како изгледа управувањето со