Цветановски пред Советот на јавни обвинители: Финансиската истрага да почнува паралелно со кривичната
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, кој е кандидат за раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска пред Советот на јавните обвинители ги претстави своите приоритети и цели за периодот од 2026 до 2030 година, меѓу кои како клучни ги издвои зголемувањето на ефикасноста во истрагите за висока корупција и перење пари, намалувањето на бројот на стари и нерешени предмети, како и зајакнувањето на кадровските капацитети и на истражниот центар. Цветановски истакна дека е потребен проактивен пристап во постапувањето по предметите, како и поефикасна соработка со институциите вклучени во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Според него, приоритетите и целите за периодот 2026 – 2030 година опфаќаат зголемување на ефикасноста во истрагите за висока корупција и перење пари, намалување на бројот на стари и нерешени предмети, целосна операционализација и јакнење на кадровските ресурси и на истражниот центар, како и проактивно постапување по предмети оформени по допрен глас. За остварување на овие цели, како што посочи кандидатот за раководител на ОЈО ГОКК, неопходно е да се унапреди соработката со Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција и другите надлежни институции преку заеднички тимови, дигитализација на доказниот материјал и паралелно водење финансиски и кривични истраги. Посебен акцент, според него, треба да се стави на финансиските истраги уште од почетокот на постапките за висока корупција. „Со поведувањето кривична истрага истовремено треба да почне и финансиска истрага. Тоа е потребно не само за откривање на сторителите на кривичните дела туку и за откривање на противправно стекнатата корист и средствата што произлегуваат од кривичното дело“, нагласи Цветановски пред Советот на јавните обвинители. Тој оцени дека раното откривање и обезбедувањето на незаконски стекнатиот имот е клучно за успешна конфискација и за собирање докази што ќе помо