Credissimo со „Orange Days“ нуди кредит без камата за Black Friday шопинг

„Black Friday“ шопинг треската годинава започна уште од почетокот на ноември, иако најпознатиот ден за попусти на светско ниво е 27 ноември. Голем дел од продавниците веќе нудат атрактивни попусти на облека, мебел, спортска опрема, електронски уреди, апарати за домаќинство и многу други производи, што значи дека потрошувачите имаат можност значително порано да ги обноват своите домови и да купат она што го посакуваат по пониски цени.
Но, честопати средствата што потрошувачите ги имаат на располагање не се доволни за да се искористат сите посакувани попусти. Токму затоа Credissimo и годинава ја лансира промотивната акција „Orange Days“, една од омилените акции на корисниците, која нуди 100 отсто попуст на камата за позајмици до 200.000 денари. Тоа значи нула денари камата и нула денари дополнителни трошоци, односно принципот „колку земаш – толку враќаш“.
Од Credissimo објаснуваат како функционира промоцијата во пракса: ако позајмиш 30.000 денари, во наредните три месеци треба да вратиш три рати по 10.000 денари, без ниту еден денар повеќе од сумата што си ја позајмил. На тој начин корисниците можат навремено да ги уловат „Black Friday“ попустите во продавниците, а дополнителната заштеда ја остваруваат преку акцијата „Orange Days“ во Credissimo.
Една од најголемите предности на промоцијата е можноста за навремено планирање на купувањата. Наместо да пропуштиш добра понуда заради тоа што немаш доволно средства во моментот, промотивната понуда за потрошувачки кредит на Credissimo ти овозможува максимално да ги искористиш „Black Friday“ попустите. Од компанијата советуваат претходно да се направи добар план што сакаш да купиш, колку чини сето тоа и колку средства ти недостигаат, за да може да се избере сумата што одговара и да се прилагодат условите за отплата согласно можностите.
Дополнителна предност е што посакуваната сума може да биде достапна на сметката само за неколку минути. Со Credissimo нема потреба од долги процедури и непотребно губење време — доволно е да се избере посакуваниот износ, да се пополни апликацијата и за кратко средствата ќе бидат достапни за користење. На тој начин потрошувачите можат да ја направат својата шопинг листа, да ги споредат цените и подготвено да влезат во сезоната на попусти.
Акцијата „Orange Days“ на Credissimo доаѓа во момент кога „Black Friday“ попустите веќе се активни во голем број продавници, а официјалниот ден на попустите е 27 ноември. Со комбинирање на попустите во продавниците и поволните услови за позајмица, корисниците имаат можност двојно да заштедат — и преку намалените цени на производите и преку отсуството на камата врз позајмената сума.