Чупиќ пред дербито со Пелистер: Шампиони сме и имаме најдобар ростер, фаворити сме
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ, по драматичното реми со Мелсунген го сумираше настапот на „црвено-црните“ во овогодинешната ЕХФ Лига на шампиони и отворено зборуваше за искуството во елитата, предизвиците што ги носи Европската лига и очекувањата од големото домашно дерби со Пелистер. Хрватскиот стратег ја прифати фаворитската улога пред дуелот со битолчани, порачувајќи дека неговиот тим е шампион и располага со најдобриот ростер. Чупиќ му честиташе на германскиот тим Мелсунген за пласманот во следната фаза, истакнувајќи дека на македонскиот шампион му недостигало малку искуство и спортска среќа за подобар бодовен биланс во групата. „За нас беше ова уште една школа. Се гледа дека нашата екипа покажува карактер, се носиме со сите, но ни недостасува малку искуство или среќа за сега да правиме друг муабет“, изјави Чупиќ. Анализирајќи го самиот дуел со Мелсунген, тој потенцираше дека одбраната била на високо ниво, но изостанала реализацијата од бековските позиции, што на крајот се покажало како клучно. „Тоа е реалноста. Денеска бевме многу добри во одбрана, во нападот имавме малку проблем со шутот од надвор, потоа со ниски играчи бевме пофлуидни во нападот. Секој детал чини во овие натпревари, нас тоа нè чинеше победа на овој натпревар. Не сум задоволен само со бројот на освоени бодови, но се презентираме на еден убав начин, го презентиравме Вардар, македонскиот ракомет и балканскиот ракомет на еден вистински начин. Ако го исклучиме мечот со Висла дома, сите натпревари беа неизвесни и до крај не се знаеше кој ќе победи“, посочи стратегот на вардарци. Вардар борбено со реми се збогуваше со Лигата на шампионите, а својот европски пат го продолжува во ЕХФ Европската лига. Чупиќ истакна дека очекува тимот да остане конкурентен, иако многу работи ќе зависат од противниците што ќе ги донесе ждрепката. „Тешко е да зборуваме за Лига Европа кога уште не знаеме кои ќе поминат, со кои ќе играме. Очекуваме да продолжиме да бидеме конкурентни, но зависи од тоа со кој ќе се падн