Четврти ден без нови случаи на западнонилска треска, на Инфективна клиника се лекуваат 12 пациенти

FinPortal.mk · 23.9.2026 г.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментов се хоспитализирани 12 пациенти со западнонилска треска, а од 19 септември не е регистриран ниту еден нов случај на хоспитализација. Ова го соопшти денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој потврди дека четврти ден по ред нема нови случаи на прием на пациенти на оваа клиника. Според министерот, од вкупно 12 хоспитализирани пациенти, тројца се на интензивна нега и на кислородна поддршка. Меѓу нив е и пациент кој е хоспитализиран подолго време и чија здравствена состојба останува неизвесна. Клековски нагласи дека здравствените власти ги преземаат истите мерки и истиот сет на активности без оглед на тоа дали е прогласена епидемија или не, и дека тие активности продолжуваат и натаму. Министерот за здравство појасни дека се врши дезинсекција во местата на живеење на пациентите кај кои вирусот е потврден изминатата недела. Во меѓувреме, заврши последното прскање во Скопје, а резултатите од овие активности ќе бидат сумирани и презентирани пред јавноста. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) направи уште една вонредна контрола на територијата на цела Македонија во врска со прскањето против комарци. Клековски истакна дека е многу тешко да се предвиди развојот на состојбата, бидејќи периодот на инкубација на западнонилската треска изнесува од два до 14 дена. Тој наведе и дека има општини каде воопшто не е прскано, а нема ниту еден случај на заболени, додека општините во Повардарието треба да бидат попретпазливи. Според него, има општини кои се меѓу трите со најмногу прскања, а во нив се регистрирани случаи на западнонилска треска, што укажува на потребата од подлабока анализа на искуствата од дома и од Грција. Министерот посочи дека во разумен период од три до пет години Македонија треба целосно да го напушти аеропрскањето и да премине на прскање од земја. Тој период е неопходен бидејќи треба да се подготви механизацијата за тој тип на работа. Клековски додаде дека има уште неколку искуства од Грц

Четврти ден без нови случаи на западнонилска треска, на Инфективна клиника се лекуваат 12 пациенти | FinPortal.mk

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментов се хоспитализирани 12 пациенти со западнонилска треска, а од 19 септември не е регистриран ниту еден но