Четиригодишно дете со доход од дивиденда, 97-годишен пензионер со милијарди денари — најмладиот и највозрасниот милионер во земјата
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Најмладиот милионер во државата е четиригодишно дете, кое во 2025 година остварило доход од 3,1 милиони денари по основа на дивиденда, додека највозрасниот е 97-годишен пензионер кој пријавил дури 1.089 милијарди денари, од кои 59 отсто биле од пензија, а остатокот од дивиденди. Овие податоци ги објави Управата за јавни приходи (УЈП), која денеска ги презентираше резултатите за доходот на граѓаните за 2025 година. Според податоците на УЈП, за минатата година се изготвени претпополнети годишни даночни пријави за околу 863 илјади граѓани, кои оствариле вкупен бруто-доход од 612,9 милијарди денари и пресметан данок на личен доход од 39,8 милијарди денари. Ефективната даночна стапка изнесувала околу 6,5 отсто, што е под пропишаната стапка од 10 проценти поради остварените даночни намалувања. Во споредба со 2024 година, бројот на граѓани со оданочив доход е зголемен за 82.702 лица, додека вкупниот бруто-доход и данокот бележат раст од околу 14 отсто. Најголемата група ја сочинуваат 638 илјади граѓани кои претставуваат две третини од даночните обврзници што остваруваат годишен бруто-доход од 100 илјади до еден милион денари, учествувајќи со 55 проценти во вкупниот бруто-доход. Шеснаесет отсто од обврзниците се граѓани со доход од 1 до 10 милиони денари и тие учествуваат со дури 39 проценти во вкупниот доход. Во 2025 година, 31 граѓанин остварил доход над 100 милиони денари, со вкупен износ од 4,973 милијарди денари. Ова бележи пад во однос на 2024 година, кога во оваа категорија имало 42 лица со вкупен доход од 6,753 милијарди денари. Иако околу две третини од вкупниот бруто-доход произлегуваат од плати остварени од 596 илјади граѓани, податоците на УЈП покажуваат разновидност во изворите на пари. Пензиите учествуваат со 9,5 отсто, а другите лични примања од работа со 8,2 проценти. Доходот од земјоделски производи и од дивиденди и друг доход од капитал учествува со нешто помалку од 5 отсто, додека добивките од игрите на среќа, закупнините и другите доходи учествуваат со о