Четири балкански земји забрзуваат енергетски врски: нови гасни коридори кон Македонија

FinPortal.mk · 2.10.2026 г.

Министрите за енергетика на Македонија, Србија, Грција и Бугарија идната недела во Србија ќе одржат втор министерски самит на кој фокусот ќе биде ставен на конкретните чекори за продлабочување на регионалната енергетска соработка, забрзување на инфраструктурните проекти и зајакнување на сигурноста и отпорноста на енергетските системи. Според Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), средбата е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат повеќе да се гледаат само како национални, туку како заеднички регионални приоритети. Како да се усогласат капацитетите, притисоците и режимите на работа на преносните системи, како да се олесни прекуграничниот транспорт и како регионалните инфраструктурни проекти побрзо да се претворат во функционални енергетски врски, ќе бидат меѓу клучните теми на вториот министерски самит. Во Атина беше нагласена потребата од подобра прекугранична поврзаност, интеграција на енергетските пазари и побрза реализација на стратешката инфраструктура. Оттогаш, дел од клучните иницијативи веќе преминаа од планови кон конкретна реализација. За Македонија, особено значајни се двата гасни интерконектори – со Грција и со Србија. Интерконекторот Македонија–Грција е еден од стратешките проекти за диверзификација на снабдувањето со природен гас и отворање пристап до повеќе извори и правци преку грчкиот систем, вклучително и LNG инфраструктурата. Проектот има планиран почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за зголемување согласно идните потреби на пазарот, а изградбата на двете страни е во тек со цел проектот да биде завршен во 2027 година. Истовремено, Македонија веќе направи конкретен чекор кон новото енергетско поврзување со Србија. Во септември беше потпишан договорот за проектирање и изградба на македонскиот дел од интерконекторот, во вредност од 29,4 милиони евра. Д

Четири балкански земји забрзуваат енергетски врски: нови гасни коридори кон Македонија | FinPortal.mk

Министрите за енергетика на Македонија, Србија, Грција и Бугарија идната недела во Србија ќе одржат втор министерски самит на кој фокусот ќе биде ставен на конк