Чекална на скверот кај Партизански одреди го разобличува митото во здравството
FinPortal.mk · 14.9.2026 г.
На скверот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Ленинова утринава беше поставена чекална која ги симболизира најчестите форми на корупција во здравството. Станува збор за герила акција чија цел е преку уметничка инсталација во отворен простор директно да ги соочи граѓаните и надлежните институции со коруптивните практики во системот на јавното здравство. Инсталацијата е изработена во облик на вистинска болничка чекална со шалтер и столчиња, а нејзината појава го привлече вниманието на случајните минувачи. Тие љубопитно ги читаа испишаните пораки, а дел од нив седнаа да „почекаат“ здравствена услуга, со што на симболичен начин се соочија со она со што секојдневно се среќаваат пациентите. На чекалната се испишани сатирични фрази кои ги одразуваат клучните проблеми во здравството, како и главните наоди и сведоштва на граѓани собрани во истражувањето насловено „Снаоѓање или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем“. Герила акцијата ја спроведува Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“. „Целта на оваа активност е на креативен и необичен начин да го свртиме вниманието на јавноста и на надлежните институции кон еден проблем кој е длабоко вкоренет во македонското здравство и со кој секојдневно се соочуваат илјадници граѓани. Корупцијата во здравството ги нарушува основните човекови права, создава нееднаков третман за пациентите и ги поткопува темелите на јавното здравство. Се надеваме дека пораките испишани на оваа чекална за подобро здравство ќе ги охрабрат граѓаните, но и здравствените работници, да ја пријавуваат корупцијата, а во исто време ќе бидат поттик за надлежните институции порешително да се справуваат со овој сериозен проблем“, изјави Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ. Покрај чекалната, на скверот се поставени и две големи скулптурални форми кои ги претставуваат различните облици на корупција во