FinPortal.mk

30.10.2026 - Централна кооперативна банка АД Скопје - Други ценовно чувствителни информации

Автор: Редакција на FinPortal.mk  · 

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: - Други ценовно чувствителни информации

Документ: ЦКБ АД Скопје - Коментар на неревидиран Биланс на успех и Биланс на состојба- 30 09 2026,л.docОСВРТ КОН ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ И РАБОТЕЊЕТО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ со состојба на 30 септември 2026 година Скопје, октомври 2026 година Промени во сметководствените политики Заклучно со 30 септември 2026 година, Централна кооперативна банка АД Скопје со цел да ги зголеми

споредливоста на финансиските извештаи,

во сметководствените политики и методи на вреднување ги вклучи измените од сметководствените стандарди. Образложение кон постигнатите резултати од работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје за 2026 година Централна кооперативна банка во третото тримесечје од 2026 година оствари добивка од 25,72 милиони денари. Работењето на Банката во текот на 2026 година се одвива во услови на

стабилен раст на потрошувачката, инфраструктурни инвестиции и подобра надворешна побарувачка. Главниот акцент при одлучувањето за поставеноста на монетарната политика и овој квартал беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и на инфлациските очекувања на потрајна основа, имајќи ги предвид присутните ризици, коишто во голема мера се поврзани со геополити