Царинската управа спречи влез на 246 илегални мигранти од јули 2024 година
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Царинската управа на Македонија спречила влез на вкупно 246 илегални мигранти во земјава од јули 2024 година до денеска, што претставува значаен резултат во борбата против илегалната миграција и организираниот криминал. Овој податок го соопшти директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот оперативен состанок на Заедничката група за миграција, организиран од Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Според Николовски, ваквите резултати ја потврдуваат важноста на меѓуинституционалната соработка во справувањето со современите безбедносни предизвици. На состанокот беше истакнато дека царинските мобилни тимови и единиците К9 годинава учествувале во вкупно 41 акција на Министерството за внатрешни работи. Овие активности, како што беше наведено, не се однесуваат само на заштитата на домашните граници, туку придонесуваат и за безбедноста на границите на земјите од Европската Унија. Директорот Николовски нагласи дека создавањето силни безбедносни коалиции е од највисок државен интерес и дека навременото и координирано делување е клучно за справување со илегалната миграција. Според податоците изнесени на состанокот, најголем дел од спречените мигранти потекнуваат од Египет, Судан, Пакистан, Иран, Ирак и Сирија. Николовски посочи дека овие факти не говорат само за улогата на Царинската управа во заштитата на националните граници, туку и за нејзиниот придонес кон безбедноста на границите на Европската Унија преку навремено и координирано делување. Тој ја нагласи важноста на размената на информации и соработката меѓу институциите на национално и меѓународно ниво, за кои рече дека се значително подобрени, што го потврдуваат и постигнатите резултати. „Размената на информации, заеднички профили на ризик и координирано постапување се алатки со кои можеме многу порано да го идентификуваме ризикот, уште пред тој да стигне до нашата граница. Ќе се согласам дека досега постигнато е многу, но можеме и мораме уште повеќе, затоа што криминалот не мирува, не чека и не познава гран