Цар Самоил по 1.000 години се врати во Бугарија: Грција ги предаде моштите, Софија врати 48 црковни артефакти

FinPortal.mk · 3.10.2026 г.

Посмртните останки на средновековниот владетел Цар Самоил денеска ѝ беа предадени на Бугарија на церемонија во Музејот на византиската култура во Солун, со што по повеќе од еден милениум моштите на некогашниот владетел на Самоиловото Царство се вратија во Софија. На церемонијата присуствуваа бугарскиот премиер Румен Радев и неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис, во чие присуство министрите за култура на Грција и на Бугарија потпишаа протокол за предавање на посмртните останки, пренесе Колегиум. Како дел од договорот, Бугарија ѝ предава на Грција 48 предмети, првенствено црковни артефакти од неколку манастири во Егејска Македонија, денешна северна Грција. Според она што беше кажано на церемонијата, овие артефакти „биле спасени од бугарски научници за време на Првата светска војна, кога овие територии, населени со Бугари, биле под власта на цар Фердинанд Први“. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја истакна важноста на враќањето на црковните артефакти во Грција, вклучително и еден епископски престол, нагласувајќи дека историските и верските реликвии не треба да бидат предмет на запленување за време на војна. „Беше потребно време за да се надминат предизвиците од минатото. Нашата соработка сега започнува. Ова е прва фаза кон враќањето на други реликвии од Бугарија“, рече Мицотакис. Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека за него претставува огромна чест што се наоѓа во музејот во Солун. „Стремежот на бугарската држава да ги врати посмртните останки датира уште од 60-тите години на минатиот век, кога тие беа откриени во црквата ‘Свети Ахил’. Задоволство ми е што денес ја исполнуваме желбата на нивниот откривач, професорот Муцопулос, тие да бидат вратени. Би сакал да му се заблагодарам на Мицотакис за постигнувањето на овој договор – историски за двете наши земји – како и за вашето политичко лидерство“, изјави Радев. По церемонијата во Солун, останките беа качени во воен транспортен авион „Спартан“, кој во бугарскиот воздушен простор беше придружуван од два пара б

Цар Самоил по 1.000 години се врати во Бугарија: Грција ги предаде моштите, Софија врати 48 црковни артефакти | FinPortal.mk

Посмртните останки на средновековниот владетел Цар Самоил денеска ѝ беа предадени на Бугарија на церемонија во Музејот на византиската култура во Солун, со што