Бугарското државјанство на Ива Михаилова може да ја спречи екстрадицијата во Македонија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Ива Михаилова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со еден загинат и тројца повредени, може да не биде екстрадирана од Бугарија во Македонија поради нејзиното бугарско државјанство. Иако по неа е распишана меѓународна потерница и ѝ е определен 30-дневен притвор, тоа не значи дека бугарските власти се должни автоматски да ја уапсат и да ја предадат на македонските институции. Ова го објаснува бугарскиот адвокат Божидар Терзиски, кој во анализа објавена на социјалните мрежи ги разгледува правните можности за нејзино приведување и екстрадиција. Михаилова има две државјанства – македонско и бугарско. Токму бугарското државјанство, според адвокатот Терзиски, може да биде главната пречка за нејзиното враќање во Македонија. Тој посочува дека Уставот на Бугарија предвидува заштита на бугарските државјани од екстрадиција во друга земја, освен во случаи дозволени со меѓународен договор. Дополнително, Бугарија има дадено декларација кон Европската конвенција за екстрадиција, според која не ги екстрадира своите државјани. Тоа значи дека, доколку Македонија официјално побара Михаилова да биде предадена, бугарските институции ќе треба да утврдат дали постои правна основа за таква постапка. Самото постоење меѓународна потерница не е доволно за автоматска екстрадиција. Бугарскиот адвокат објаснува дека Македонија не може да го користи ниту механизмот на Европската потерница, бидејќи не е членка на Европската Унија. Тој механизам се применува меѓу земјите членки на Унијата, додека за Македонија важат други правила за меѓународна правна соработка. Но, постои важна разлика меѓу апсење и екстрадиција. Иако Бугарија може да одбие да ја предаде Михаилова, тоа не значи дека таа не може да биде приведена на бугарска територија. Според Терзиски, бугарските власти можат да определат привремено задржување доколку се исполнети законските услови, дури и пред да пристигне официјално барање за екстрадиција. Сепак, за секоја таква мерка одлучуваат надлежните бугарски институции,