Бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков повикан во МНР поради случајот со Ива Михајлова
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Амбасадорот на Република Бугарија во Северна Македонија, Желјазко Радуков, денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, потврдија од ресорот. Причината за повикот е начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, што според македонската страна претставува провокација. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека на бугарскиот амбасадор му било пренесено оти ваквото постапување ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на заложбите за развој на добрососедските односи меѓу двете земји. Според ресорот, станува збор за однесување што не придонесува кон позитивна атмосфера во билатералните односи. Во соопштението се нагласува дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на нашата држава и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот. Од МНР потенцираа дека националната припадност или поседувањето друго државјанство не смеат да служат како основа за заштита од одговорност пред надлежните институции. На средбата со бугарскиот амбасадор било посочено дека од Република Бугарија, како членка на Европската Унија, се очекува постапување во согласност со основните европски принципи, меѓу кои почитување на судските постапки, институционална соработка и владеење на правото. Македонската страна смета дека токму овие принципи треба да бидат основата на односите меѓу двете соседни држави. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираа дека на амбасадорот Радуков му било пренесено оти ресорот ќе преземе соодветни чекори за информирање на меѓународните институции, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа, за случајот и за третманот на Ива Михајлова во Софија. На средбата уште еднаш била нагласена посветеноста на нашата држава на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, д