Брвеница со поголема излезност од лани — до 11 часот гласале 9,11 отсто од избирачите
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, до 11 часот своето право на глас го оствариле 1.480 граѓани, што претставува излезност од 9,11 отсто. Ова го соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, на прес-конференција одржана во просториите на Општинската изборна комисија Брвеница. Маричиќ, заедно со уште четворица членови на ДИК, ја посети Брвеница и обиколи шест избирачки места за да се увери во текот на изборниот процес. Тој информираше дека гласањето започнало навреме, во 7 часот, на сите избирачки места и тече без посериозни проблеми. Според него, избирачкиот материјал бил навреме доставен, а членовите на избирачките одбори биле соодветно обучени. „Бидејќи се работи за една општина и можеме да постигнеме, тука дојдовме петмина членови. Се уверивме во редовниот и регуларен тек на гласањето, барем во тие шест избирачки места каде што бевме, а такви се извештаите и од сите места. Видовме дека нема поголем застој, дека има интензивни обиди, можеби еднаш, два, три пати на лица коишто веднаш не ги чита апаратот, меѓутоа гласањето секаде се одвива без поголеми проблеми. Тоа што ние го видовме е дека сѐ тече во најдобар ред и тоа ни го кажаа и претставниците на избирачките одбори“, рече Маричиќ. Тој направи и споредба со локалните избори од октомври 2025 година. „Досега излезноста е како што беше спомнато до 11 часот од 9,11 проценти, односно гласале 1.480 граѓани. Тоа е малку повеќе од ланските локални избори кога во истото време до 11 часот гласале 8,34 проценти или 1.346 гласачи. Значи годинава е зголемен малку интересот, односно излезноста“, посочи претседателот на ДИК. Според Маричиќ, најголема излезност е забележана на избирачкото место 2033 во основното училиште веднаш до општинската зграда во Брвеница. „Во избирачкото место 2033 има 166 гласачи, во 2034 има 151, а во 2035 има 128. Тие се најбројните, останатите сите се под 100. Најмала излезност колку што можам да забележам има на избирачкото место 2046 во Гургурн