Бруто-надворешниот долг на земјата надмина 13 милијарди евра, за полугодие пораснат за 1,03 милијарди

FinPortal.mk · 24.9.2026 г.

Бруто-надворешниот долг на државата на крајот од јуни изнесува 13,106 милијарди евра, што претставува 71,4 отсто од проектираниот бруто-домашен производ. Според податоците на Народната банка за движењата во второто годинешно тримесечје, задолженоста кон странство во првите шест месеци од годината е зголемена за 1,03 милијарди евра, а само во вториот квартал растот изнесува 232 милиони евра. Од вкупниот износ на надворешниот долг, 6,146 милијарди евра отпаѓаат на јавниот надворешен долг, додека 6,961 милијарда евра е приватен долг. Во вториот квартал јавниот долг се зголемил за 249 милиони евра, а приватниот е намален за 17 милиони евра. Народната банка во информацијата со податоците посочува дека дел од кварталниот раст произлегува од специфични активности за управување со девизните резерви, каде што е забележано зголемување од 911 милиони евра. Кога ќе се исклучи овој ефект, бруто-надворешниот долг е зголемен за 112 милиони евра. Кај јавниот сектор, зголемувањето главно доаѓа од секторот „држава“, чиј надворешен долг пораснал за 104 милиони евра, како и од јавните банки и претпријатија, каде што растот изнесува 23 милиони евра. Кај приватниот сектор, пак, долгот на банките се намалил за 125 милиони евра, додека кај капитално поврзаните субјекти и небанкарскиот приватен сектор има раст од по 54 милиони евра. Истовремено, бруто-надворешните побарувања достигнале 8,344 милијарди евра, што е за 202 милиони повеќе отколку три месеци претходно и за 718 милиони евра повеќе во однос на крајот од 2025 година. Како резултат на движењата и на долгот и на побарувањата, нето-надворешниот долг изнесува 4,763 милијарди евра, или 25,9 отсто од проектираниот БДП. За три месеци тој е зголемен за 30 милиони евра, а од почетокот на годината за 312 милиони евра. Приватниот сектор учествува со 58,2 отсто во вкупниот нето-долг. Продлабочена е и негативната меѓународна инвестициска позиција, односно разликата меѓу финансиските средства што земјава ги има кон странство и обврските кон нере

Бруто-надворешниот долг на земјата надмина 13 милијарди евра, за полугодие пораснат за 1,03 милијарди | FinPortal.mk

Бруто-надворешниот долг на државата на крајот од јуни изнесува 13,106 милијарди евра, што претставува 71,4 отсто од проектираниот бруто-домашен производ. Според