Бриселски извештај: Обновливите извори веќе со 58,22 отсто од инсталираната моќност во земјава

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Енергетскиот сектор во Македонија бележи напредок во повеќе области, меѓу кои зголемувањето на капацитетите од обновливи извори, реформите на пазарот на електрична енергија, изградбата на нови интерконектори и усогласувањето со европската регулатива. Ова го констатира Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2026 година, во кој се издвоени реализираните активности, законските промени и инфраструктурните проекти во енергетиката, соопштија од Министерството за енергетика и рудни суровини (МЕРМС). Еден од позначајните показатели е растот на обновливите извори, кои учествуваат со 58,22 проценти во вкупната инсталирана моќност, додека нивниот удел во домашното производство на електрична енергија изнесува 46,37 проценти. Според МЕРМС, овие бројки укажуваат на промена во структурата на домашните производствени капацитети и на зголеменото значење на зелената енергија. Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година предвидува 67 нови капацитети со вкупна планирана моќност од 4.416 мегавати. Од нив, 59 се фотонапонски електрани, седум се ветерни електрани, а една е гасна когенеративна електрана. Во делот на законската регулатива, донесен е Законот за обновливи извори на енергија, со кој се поставува основата за понатамошен развој на секторот, поттикнување инвестиции и усогласување со европските регулаторни решенија. Стратешката насока на енергетската политика е дефинирана и преку ревидираниот Национален план за енергија и клима 2025–2030, кој опфаќа мерки за декарбонизација, енергетска ефикасност, сигурност на снабдувањето, пазарни реформи и иновации. Од МЕРМС наведуваат дека напредок е забележан и во функционирањето на пазарот на електрична енергија. Од мај 2026 година е активиран пазарот во текот на денот, кој им овозможува на учесниците пофлексибилно да ги усогласуваат понудата и побарувачката и поефикасно да управуваат со електроенергетскиот систем. Во насока на регионално поврзување, МЕПСО потпиша договор со регионалниот координативе

Бриселски извештај: Обновливите извори веќе со 58,22 отсто од инсталираната моќност во земјава | FinPortal.mk

Енергетскиот сектор во Македонија бележи напредок во повеќе области, меѓу кои зголемувањето на капацитетите од обновливи извори, реформите на пазарот на електри