Брисел: Третина од тендерите во Македонија со само еден понудувач, јавните набавки без напредок

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонија не бележи никаков напредок во областа на јавните набавки, а кај дури 33,9 отсто од сите склучени договори во 2025 година се појавил само еден понудувач. Ова го констатира Европската комисија во својот Годишен извештај за земјата, пренесувајќи ги податоците што укажуваат на сериозни слабости во системот. Според извештајот, пазарот на јавни набавки во Македонија во 2025 година пораснал на 9,3 отсто од бруто домашниот производ, но конкуренцијата меѓу компаниите останува исклучително ограничена. Податоците на Европската комисија покажуваат дека третина од сите склучени договори завршиле со само една доставена понуда, додека процентот на поништени набавки се искачил на високи 28,7 отсто. Истовремено, користењето на електронските аукции паднало на 22 отсто од објавените огласи, што е речиси двојно под прагот од 40 отсто договорен во европската Реформска агенција. Европските стандарди што налагаат набавките да се доделуваат врз основа на најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот во Македонија речиси целосно се игнорираат. Критериумот за економски најповолна понуда бил применет кај само 6 отсто од склучените договори, односно кај едвај 4,8 отсто мерено според нивната парична вредност. Наместо тоа, доминантен останува критериумот на најниска цена, што според Брисел го ограничува просторот за избор на квалитетни решенија и ја намалува вредноста што јавниот сектор ја добива за потрошените средства. Европската комисија алармира и за ризици од фаворизирање и корупција во постапките за јавни набавки, како и за отсуство на контрола кај јавно-приватните партнерства и за непостапување по сомнежите за криминал. Иако Бирото за јавни набавки редовно објавува извештаи со таканаречени црвени знамиња за сомнителни и ризични постапки, надлежните институции упорно не преземаат соодветни мерки и не отвораат постапки по овие сознанија, се наведува во документот. Системот на издавање негативни референци за несовесни фирми сè уште е на сила, со 74 издадени референци во 2025 година, н

Брисел: Третина од тендерите во Македонија со само еден понудувач, јавните набавки без напредок | FinPortal.mk

Македонија не бележи никаков напредок во областа на јавните набавки, а кај дури 33,9 отсто од сите склучени договори во 2025 година се појавил само еден понудув