Брисел: Скопје не презеде ниту еден чекор за уставните измени

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Европската комисија во својот годишен извештај за прогресот на земјите кандидати за членство во Европската унија оценува дека Македонија не презела никакви обиди за усвојување на уставните измени што ги бараат заклучоците на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година. Според оценката на Комисијата, земјата се обврзала да ги иницира и спроведе овие измени со цел во Уставот да се вклучат граѓаните кои живеат во рамките на државните граници и кои се дел од други народи, како што се Бугарите. Како што се наведува во извештајот, Македонија не само што нема да биде вклучена во групата на четири земји кандидати кои ќе добијат патокази за членство во ЕУ, туку ќе добие и јасна порака дека не прави ништо околу уставните измени, односно дека не се наоѓа на листата на земји што бргу може да влезат во Унијата. Во таа група, покрај Црна Гора, се наоѓаат Албанија, Молдавија и Украина. За Црна Гора, пак, се предлага во јуни идната година таа да потпише договор за членство во ЕУ, што значи дека овогодинешната проценка е последната што Комисијата ќе ја направи за таа земја. Иако во извештајот за годинава има и добри и лоши оценки, Македонија денес, како што се оценува, е далеку од рефлекторот во ЕУ. Според Европската комисија, потребни се значителни дополнителни напори за промовирање атмосфера на дијалог и меѓусебна почит со Бугарија. Притоа се забележува дека Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања одржала четири состаноци во периодот помеѓу септември 2025 и март 2026 година, но без конкретни резултати. Комисијата позитивно ја оценува соработката меѓу двете земји во однос на Коридорот VIII, која резултирала со потпишување договор во ноември 2025 година. Тој договор се однесува на подготовката, изградбата и управувањето со тунелот долж коридорот, на границата меѓу двете земји. Во извештајот се препорачува дека континуираниот дијалог меѓу страните, поддржан на највисоко политичко ниво, останува од суштинско значење за унапредување на спроведувањет

Брисел: Скопје не презеде ниту еден чекор за уставните измени | FinPortal.mk

Европската комисија во својот годишен извештај за прогресот на земјите кандидати за членство во Европската унија оценува дека Македонија не презела никакви обид