Брисел пред реформа на проширувањето: новите членки без право на вето?
FinPortal.mk · 18.9.2026 г.
Европската комисија на 30 септември треба да ги претстави плановите за внатрешна реорганизација на Европската Унија, со кои Брисел се обидува да го подготви европското семејство за идно функционирање со поголем број членки. Документот, според информациите објавени од берлинскиот портал „Тејбил медија“, предвидува промени во начинот на кој би функционирале институциите и земјите што допрва треба да станат дел од Унијата. Нацртот за реформа на процесот на проширување, подготвен од еврокомесарката за проширување Марта Кос, отвора и едно особено чувствително прашање: дали новопримените држави би требало да имаат исти права како другите членки веднаш по приемот. Еден од предлозите е тие во одреден период да немаат можност да ставаат вето на одлуките за кои е потребен консензус. За државите што би назадувале во владеењето на правото се разгледуваат и дополнителни заштитни механизми. На прв поглед, логиката на Брисел изгледа разбирлива и е во насока на плановите што подолго време се коваат низ европските лавиринти за да се избегнат блокади на европските политики. Имено, Европската Унија со 27 членки често тешко постигнува согласност, а со приемот на нови држави од Западен Балкан, Украина, Молдавија и други кандидати, одлучувањето би можело да стане уште покомплицирано. Ако секоја земја може да го блокира целиот систем, тогаш една национална влада би можела да ја држи целата Унија во заложништво, на што сведочевме изминативе години. Но, од друга страна, токму тука почнува неизвесноста. Досега европската порака беше јасна: исполнете ги условите, спроведете ги реформите и станете полноправна членка. Сега, меѓутоа, се појавува можност земјите што ќе ги исполнат условите за прием да влезат во Унијата со ограничено право на политичко влијание, без оглед на тоа што направиле сè што се барало од нив. Клучната дилема што се наметнува со оваа нова внатрешна реорганизација е дали тоа значи дека Брисел сака да го отстрани ветото како инструмент за блокирање или само сака да го огранич