Брисел подготвува патокази за четири земји, Македонија засега останува надвор од новиот инструмент

FinPortal.mk · 30.9.2026 г.

Европската Унија подготвува нов инструмент во процесот на проширување кој, доколку биде усвоен во формата за која деновиве известуваат европските медиуми, нема формално да ја промени Методологијата за проширување, ниту постојните преговарачки рамки на земјите кандидати, но може значително да ја промени политичката динамика на процесот. Европската комисија подготвува посебни патокази за четири земји – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – додека Македонија засега не е меѓу државите за кои е предвиден ваков документ. Прашањето затоа не е само зошто Македонија нема да добие патоказ, туку што воопшто значи да се има или да се нема таков патоказ во момент кога Европската Унија очигледно се подготвува за нов циклус на проширување. Според информациите објавени врз основа на сознанијата на POLITICO од двајца високи претставници на Европската комисија, патоказите треба на четирите најнапредни кандидати да им дадат појасна, чекор по чекор поставена траекторија кон завршување на пристапните преговори. Во нив треба да бидат наведени приоритетните реформи, конкретните резултати што се очекуваат, индикативните рокови за завршување на одделните фази и кластерите, но и обврските на земјите членки од чија согласност зависи напредувањето на процесот. Тоа е важна промена во политичката предвидливост на проширувањето. Досегашната логика во основа беше јасна: кандидатот ги исполнува условите, Европската комисија го оценува напредокот, а земјите членки носат одлуки за следните фази. Она што недостигаше беше одговорот на едноставното прашање – ако една држава навистина ги исполни условите, кога реално може да очекува да го заврши процесот? Патоказот треба барем делумно да го пополни токму тој простор. Тој не претставува датум за членство, ниту гаранција дека на одреден ден некоја држава автоматски ќе стане членка на Унијата. Процесот и понатаму останува заснован врз исполнување на критериумите, реформите и согласноста на членките. Но, за првпат четирите најнапредни кандидати би добил

Брисел подготвува патокази за четири земји, Македонија засега останува надвор од новиот инструмент | FinPortal.mk

Европската Унија подготвува нов инструмент во процесот на проширување кој, доколку биде усвоен во формата за која деновиве известуваат европските медиуми, нема