Брисел одобри 46 стратешки проекти вредни 21 милијарда евра за сопствено производство на суровини

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Европската комисија одобри 46 нови стратешки проекти во 16 земји членки на Европската Унија, за чија реализација се потребни инвестиции од околу 21 милијарда евра. Целта на овој пакет е Европа да обезбеди сопствено производство и преработка на суровини неопходни за електричните автомобили, батериите, воената индустрија и современите технологии, со што значително би се намалила зависноста од кинеските добавувачи. Проектите опфаќаат отворање рудници, изградба на фабрики за преработка на литиум, никел и ретки земни елементи, како и капацитети за рециклирање на овие материјали. Од вкупно 46 проекти, осум се однесуваат на експлоатација на суровини, 11 на нивна преработка, 19 на рециклирање, а преостанатите осум комбинираат повеќе производствени процеси. Меѓу земјите во кои ќе се реализираат овие проекти се Германија, Франција, Италија, Грција, Финска, Шведска, Романија и Бугарија. Еден од позначајните проекти е фабриката за ретки земни елементи во Франција, која би можела да обезбедува околу 15 отсто од светското производство на два важни материјали што се користат во магнетите за електрични автомобили и ветерни турбини. Во Финска веќе функционира проект за производство и преработка на литиум, поддржан со 150 милиони евра од Европската инвестициска банка. Во Грција, пак, работи фабрика за производство на галиум, метал што се користи во електрониката и напредните технологии. Европскиот комесар за индустрија, Стефан Сежурне, предупреди дека Унијата би можела да се соочи со нови трговски тензии во наредните месеци, поради што е неопходно забрзување на инвестициите во сопствени производствени капацитети. Неговата порака доаѓа во момент кога глобалното снабдување со критични суровини е под зголемен притисок, а кинеските добавувачи имаат значајна улога во тој синџир. До 2030 година Европската Унија планира со домашни капацитети да обезбедува најмалку 10 отсто од потребите за ископување стратешки суровини, 40 отсто од нивната преработка и 25 отсто од рециклирањето. Стратешкиот

Брисел одобри 46 стратешки проекти вредни 21 милијарда евра за сопствено производство на суровини | FinPortal.mk

Европската комисија одобри 46 нови стратешки проекти во 16 земји членки на Европската Унија, за чија реализација се потребни инвестиции од околу 21 милијарда ев