Брисел го претвора политичкиот компромис во мерило за лојалност, предупредуваат правни експерти
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Најновиот извештај на Европската комисија за Македонија, објавен на 4 ноември, предизвика сериозна дебата во јавноста со оценката дека членовите на Владата и високите функционери, кога не ја додаваат географската одредница на името на сопствената држава, ризикуваат да влијаат врз добрососедските односи. Оваа формулација, според правни експерти, не е безначајна, туку претставува политичка порака со сериозна тежина, особено кога доаѓа од институција што претендира да биде врвен промотор на демократијата, владеењето на правото, слободата на изразување и почитувањето на човековото достоинство. Адвокат со големо искуство во предмети од меѓународното право и од областа на човековите и колективните права, кој е соговорник на темата, поставува прашање што очигледно недостига во бриселската анализа: од кога употребата на името на сопствената држава во јавниот говор станува фактор што ги загрозува добрососедските односи? Тој нагласува дека не станува збор за повик државните институции да ги игнорираат меѓународните обврски, туку дека констатацијата од извештајот на Европската комисија не смее да помине без сериозна аргументирана критика. Според него, суштинското прашање е дали една меѓународна институција има право да ја претвори примената на еден спорен политички договор во критериум за оценување на демократијата и на лојалноста на државата кон новосоздадените „принципи и правила на ЕУ“, кои, како што оценува, се дијаметрално спротивни од основачките принципи на ЕУ и на меѓународното право. Во анализата се истакнува дека наместо да ги брани европейските вредности, ЕУ го претвора политичкиот компромис во мерило за лојалност, што остава впечаток дека Европската комисија наместо да биде гарант на демократските принципи, почнува да се однесува како селективен толкувач. Се поставува и прашањето според кој демократски стандард една држава треба да биде политички опоменувана затоа што нејзините претставници ја нарекуваат Македонија, односно го употребуваат името што од искона го им