Брисел бара од Македонија да го укине државјанството по економски интерес за странци
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Европската комисија побара од Македонија целосно да ја укине можноста странски државјани да добијат македонско државјанство врз основа на посебен економски интерес, оценувајќи дека ваквиот механизам може да се злоупотреби за заобиколување на европските визи и безбедносните проверки. Предупредувањето доаѓа во момент кога Брисел со слично барање излезе и пред Србија, барајќи да го запре забрзаното доделување државјанства на странци, особено на руски државјани. Како што пренесуваат од Брисел, македонскиот пасош, кој овозможува безвизно патување во шенген-зоната, повторно се најде во фокусот на Европската комисија. Причината не е начинот на кој македонските граѓани патуваат во Европа, туку законската можност странски државјани да добијат македонско државјанство без претходно да живееле во земјата, доколку се оцени дека претставуваат посебен економски интерес. Во осмиот извештај за механизмот за суспендирање на безвизниот режим, објавен на 19 декември 2025 година, Европската комисија експлицитно побара од Македонија да ја укине шемата за инвеститорско државјанство и да ја отстрани нејзината законска основа. Брисел предупредува дека државјанството доделено на странци кои вообичаено мора да поседуваат виза за влез во ЕУ може да им овозможи пристап до шенген-зоната без спроведување на вообичаената визна постапка. Според официјалните податоци на Европската комисија, во 2023 година Македонија одобрила едно државјанство врз основа на посебен економски интерес, а во 2024 година уште две. Тоа значи дека во период од две години биле доделени вкупно три македонски државјанства по овој основ. Истото прашање деновиве повторно ги заостри односите меѓу Србија и Европската Унија, откако Брисел побара запирање на забрзаното доделување српски пасоши, особено на руски државјани. Според извештајот, во 2024 година биле поднесени дополнителни барања за државјанство по основ на посебен економски интерес, што дополнително го привлече вниманието на европските институции. Од Европската комисија