Брисел бара Македонија да ги усогласи политиките за критични суровини, единствената активна инвестиција е бакарот во Иловица

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Европската комисија во својот последен извештај посветен на земјава упати јасен повик до Македонија да се приклучи кон политиките на Европската Унија кои се однесуваат на критичните суровини. Според извештајот, Македонија нуди можности за инвестирање преку кои ќе се поддржи отпорноста на синџирите на снабдување, но во исто време официјален Брисел очекува земјата да преземе конкретни законодавни чекори за да се интегрира во европскиот синџир на вредности. Во текстот на извештајот се наведува дека ресурсите на критични минерали во Македонија, вклучувајќи ги железото, никелот, бакарот и цинкот, се од витално значење за индустрискиот и производниот сектор во регионот. Земјата, исто така, произведува олово и други неопходни минерали кои ја поддржуваат растечката рударска индустрија. Сепак, клучната забелешка на Комисијата е дека „Северна Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини (CRM), како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини“. Домашните власти претходно најавија усогласување со европското законодавство, преку усвојување на нови закони за рударство и за геологија. Со нив ќе се овозможи креирање на листи на стратешки и критични минерални суровини, какви што има и Унијата. Дополнително, ќе постои законска основа инвестиции во рударската индустрија да ја добијат ознаката „стратешки проекти“, со што би се забрзала процедурата за издавање на дозволи за работа каков што е примерот во земјите од ЕУ. Кај нас единствена активна инвестиција во моментов е во рударскиот проект за ресурсите за бакар во „Иловица-Штука“. Зад оваа инвестиција стои „Трафигура“, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот во Иловица. Трафигура во своето портфолио веќе има проект кој од страна на Европската Унија е означен како „стратешки“ и подлежи на забрзани процедури. Станува збор за рудникот за бакар „Долина Ровина“ во Романија, а носител на пр

Брисел бара Македонија да ги усогласи политиките за критични суровини, единствената активна инвестиција е бакарот во Иловица | FinPortal.mk

Европската комисија во својот последен извештај посветен на земјава упати јасен повик до Македонија да се приклучи кон политиките на Европската Унија кои се одн