Божиновска: Заштитата на македонскиот рубин не завршува со правниот статус — сега се воспоставува систем за потекло, квалитет и препознатливост
FinPortal.mk · 11.9.2026 г.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжува процесот за целосна институционална заштита, уредување и афирмација на македонскиот рубин. Во Министерството денеска се одржа работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со новоформираната Комисија за македонскиот рубин, претставници на Државниот завод за индустриска сопственост, претставници од надлежните сектори за геологија и рударство во Министерството и директорот на Геолошкиот завод, Ивица Андов, институцијата под чија стручна надлежност ќе функционира Комисијата. Формирањето на Комисијата претставува нова фаза во процесот што започна со институционалното признавање и заштита на македонскиот рубин. Целта е заштитата да не остане само на ниво на правен статус, туку да се воспостави целосен и функционален систем со кој ќе се знае што се ископува, кој има право да го произведува и обработува, од каде потекнува рубинот и под кои услови може да се пласира на пазарот, регулирано со правилникот кој го донесе комисијата. „Со заштитата на македонскиот рубин направивме историски чекор, но со тоа работата не завршува. Напротив, сега започнува следната, многу важна фаза – да воспоставиме систем кој ќе гарантира дека кога некој ќе купи македонски рубин, навистина знае дека станува збор за рубин со потекло од Македонија, кој е сертифициран, евидентиран и заштитен. Нашата цел е од природно богатство да создадеме препознатлива национална вредност и бренд со јасни правила и стандарди“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Особено значајна е соработката со Државниот завод за индустриска сопственост, кој е надлежен за системот на индустриска сопственост и има надлежности поврзани со географските називи и меѓународната соработка во областа на индустриската сопственост. Со вклучувањето на ДЗИС, Геолошкиот завод и стручните служби на Министерството се воспоставува институционален механизам кој треба да ги поврзе г