Божиновска во Виена ги претставува енергетските приоритети на Македонија и отвора нови партнерства
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска од денеска, 7 октомври, престојува во Виена, каде што по посебна покана на Дипломатската академија на Виена учествува во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“. Преку оваа посета, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претставува енергетските приоритети на земјата пред релевантни европски институции, претставници на јавниот сектор, дипломати и идни носители на одлуки, со цел отворање нови можности за соработка, размена на искуства и унапредување на партнерствата во енергетиката. Програмата „Жени лидери 2026“, организирана од Дипломатската академија на Виена, е посветена на зајакнувањето на женското лидерство и на современите предизвици во јавниот сектор. Учеството на министерката Божиновска овозможува размена на искуства и отворање прашања од значење за иднината на регионот и Европа, вклучително и лидерството, управувањето со кризи, родовата еднаквост и дигиталната дипломатија. Енергетската соработка меѓу Македонија и Австрија е еден од клучните сегменти на посетата. Министерката ќе оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на средбата ќе бидат билатералната и економската соработка, енергетската транзиција, енергетската сигурност и можностите за воспоставување и продлабочување на соработката во области од заеднички интерес, соопштија од Министерството за енергетика. Посебен дел од агендата е посветен на младите и идните дипломати. Министерката Божиновска ќе има обраќање и ќе одржи предавање пред студентите на Дипломатската академија на Виена, посветено на енергетската транзиција и актуелните состојби во енергетскиот сектор во Македонија. Пред студентите ќе бидат претставени реформите и процесите што го менуваат македонскиот енергетски систем – развојот на обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфрастр