Божиновска: Транзицијата кон чиста енергија не смее да ја загрози сигурноста на системот
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека енергетската транзиција мора да обезбеди сигурен и функционален енергетски систем, но истовремено да отвори нови можности за економски развој на земјата. Таа се обрати на Националниот дијалог на патот кон COP31, настан организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), што се одржа во пресрет на претстојната климатска конференција во Анталија. На настанот свои обраќања имаа и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, министерот Хоџа и други претставници на институциите и на меѓународната заедница. Божиновска во своето излагање истакна дека подготовките за COP31 се можност за утврдување јасна национална позиција за енергетската и климатската иднина, заснована врз реалните можности на земјата, науката и потребите на граѓаните. „Енергетската транзиција е суштински дел од нашата одговорност. Нашата обврска е да создаваме услови за почиста енергија, а истовремено да обезбедуваме сигурен и функционален енергетски систем. Секоја промена мора внимателно да ги земе предвид потребите на стопанството и можностите на домаќинствата“, порача министерката. Таа рече дека приоритетите на Министерството се насочени кон развој на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и модернизацијата на енергетскиот систем. Зголемувањето на производството од сончеви и ветерни електроцентрали, нагласи Божиновска, треба да биде проследено со инвестиции во електроенергетската мрежа, складирање енергија и подобро управување со производството и потрошувачката. Осврнувајќи се на приоритетите на претседателството со COP31, министерката ја посочи и иницијативата „35 до 2035“, која поставува цел електричната енергија да достигне 35 проценти од вкупната финална потрошувачка на енергија до 2035 година. Според неа, тоа отвора можности за поширока електрификација на транспортот, греењето и индустријата, со примена на ефикасни технологии и зголемување на домашното производство од обн