Божиновска со директори на ЕБОР: Енергетските реформи во Македонија оценети како меѓу најнапредните во регионот
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коишто се во посета на земјава. На средбата беа разгледани досегашните активности на Министерството и плановите за натамошно зајакнување на домашниот енергетски систем, енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во енергетскиот сектор. Во рамките на делегацијата од ЕБОР, составена од директори надлежни за различни региони, беа присутни Рене ван Хел, директор за Холандија, Кина, Северна Македонија, Ерменија и Монголија, потоа Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за земјава, како и директорите за другите земји од регионов и светот. Присуството на толку висок претставнички состав од банката говори за сериозноста со која институцијата го следи напредокот на земјава во енергетската трансформација. На средбата министерката Божиновска ги претстави активностите на Министерството за зајакнување на домашниот енергетски систем, енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата. Во таа насока, беа презентирани конкретните законски решенија на кои во моментов работи Министерството, а кои се насочени кон остварување на стратешките цели на државата во енергетскиот сектор. Претставниците на Европската банка за обнова и развој ги поздравија заложбите на Министерството за создавање на стабилен и предвидлив енергетски систем, оценувајќи ги како многу понапредни во однос на одредени земји од регионот, на коишто им е потребен подолг период за реализација на конкретни чекори во енергетиката. Ваквата оценка од страна на високи претставници на една од најзначајните меѓународни финансиски институции претставува потврда дека насоката на реформите во македонската енергетика е правилна и препознаена надвор од границите на државата. Во фокусот на разговорите на денешната средба беше искористувањето на потенцијалот на обновливите извори на енергија во земјав