Божиновска: Новите закони за геологија и рударство ќе донесат правна сигурност, но без компромис со животната средина
FinPortal.mk · 15.9.2026 г.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска беше домаќин на стручна средба на која беа презентирани резултатите од независната експертска ревизија на Предлог-законот за геологија и Предлог-законот за рударство. Ревизијата потврди дека предложените законски решенија се современи, сеопфатни и во значителна мера усогласени со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики, соопштија од Министерството. На средбата присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која истакна дека целта на новите законски решенија не е само формално усогласување со европското законодавство. „Сакаме да донесеме закон кој ќе биде функционален, применлив и современ, закон кој ќе создаде јасни правила и правна сигурност, ќе овозможи развој на рударскиот сектор и одговорни инвестиции, но истовремено ќе гарантира дека јавниот интерес, граѓаните, животната средина и локалните заедници нема да бидат ставени во втор план“, изјави министерката Божиновска. Таа посочи дека Македонија има потенцијал за развој на рударството и искористување на минералните суровини, но дека идниот развој мора да се одвива одговорно и во интерес на граѓаните. Независната експертска ревизија ја изработија проф. д-р Вјечеслав Боханек и Кристи Дизни Брукнер, во соработка со граѓанската организација „Нов Трет Пат“. Во процесот на изработка на ревизијата беа вклучени и претставници на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Геолошкиот завод и Државниот инспекторат за енергетика и минерални суровини. Експертите дадоа многу позитивна оценка за предложените законски решенија, посочувајќи дека тие воспоставуваат современа, јасна и меѓусебно усогласена рамка за геолошките истражувања и рударските активности. Според нивните наоди, предложените текстови создаваат основа за поефикасно управување со геолошките податоци и за одговорно користење на природните ресурси. Во рамки на експертизата е направена и компаративна анализа со законодав