Божиновска: Доколку цената на горивата дополнително ескалира, Владата е подготвена да преземе сите мерки за заштита на граѓаните
FinPortal.mk · 21.9.2026 г.
Доколку ситуацијата со цената на горивата дополнително ескалира, Владата е подготвена да преземе сите неопходни мерки за да го ублажи ризикот кон граѓаните. Ова го изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. Божиновска напомена дека состојбата со цените на горивата внимателно се следи на ниво на Влада и дека таа во моментов има глобални димензии. Според неа, она што се случува е на светско ниво, а цените се покачени насекаде, што претставува виша сила, односно војна врз која институциите во земјата не можат директно да влијаат. Министерката потсети дека минатата недела била свикана онлајн вонредна седница на Владата и дека уште од март, откако почнале ценовните притисоци, биле преземени конкретни чекори. Меѓу нив, како што наведе, се намалување на акцизата и намалување на данокот на додадена вредност, како и договорен попуст со ОКТА. Таа потврди дека ДДВ-то е намалено на 10 проценти. Во моментов, како што истакна Божиновска, на сила е само една мерка, а тоа е намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10 проценти. Сепак, таа не исклучи можност за дополнителни намалувања, нагласувајќи дека таквата мерка постои и дека Министерството за финансии ги подготвува фискалните мерки, кои потоа се донесуваат заедно на ниво на Влада. Министерката информираше дека Владата засега не преговара повторно со ОКТА за попуст, но јасно стави до знаење дека доколку ситуацијата ескалира и понатаму, ќе бидат преземени сите мерки за да се ублажи ризикот кон граѓаните. Таа нагласи дека Владата секако е за заштита на стандардот на граѓаните, но дека при одлучувањето мора да се разгледаат и фискалните импликации врз буџетот. Според неа, конечните одлуки за следните чекори ќе бидат познати наскоро, откако ќе се разгледаат сите опции и ќе се консултираат ресорните институции. Божиновска ова го изјави на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања за актуелната состојба со цените на горивата и мо