Богојески повторно со навреди: „хистерични кучкарки“ и „левичарска багра“ за учесничките на протестот против фемицидите

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателот на Македонски концепт и професор на Воената академија, Петар Богојески, повторно ја шокираше јавноста со серија навреди упатени кон жените и активистките кои вчера протестираа во Скопје против фемицидите и институционалната негрижа. Само една недела по неговите скандалозни изјави за потребата од „машки надзор“ врз жените, Богојески во ново видеообраќање ги нарече учесничките на протестот „хистерични кучкарки“, „комунистичка левичарска багра“ и „левичарска булумента“, обвинувајќи дел од демонстрантите дека се платени да протестираат. Наместо повик за солидарност со жртвите на родово базираното насилство, Богојески своето обраќање го започна со навреди кон учесниците на вчерашниот протестен марш во Скопје. „Не дека имав намера да се замарам со таа комунистичка левичарска багра, него бидејќи бев прозван десетина пати, морам да дадам, нели, некаков одговор на сето тоа“, вели Богојески во видеообраќањето. Тој ги подели учесниците на протестот на две групи. За едните вели дека се чесни граѓани загрижени поради убиствата на девојчиња и малтретирањето на жени, додека за другите користи крајно понижувачки квалификации. „А тоа се кучкарките и оние левичарски бандити кои се платени, земаат кеш за да го прават тоа што го прават и за да дејствуваат на тој начин хистерично“, тврди Богојески, без во обраќањето да понуди докази за своите обвинувања. Потоа продолжува со уште подиректни навреди кон жените кои протестираа. „Така да, внимавајте друг пат со кого излегувате на протести и кој ви ги води тие протести. Не платеници, хистерични кучкарки, кои ништо не постигнале во животот. Само мразат тие што нешто сме направиле“, изјави Богојески. Но, Богојески не запира тука. Тој оди дотаму што на своите политички и идеолошки противници им ја припишува одговорноста за порастот на убиствата на жени. „Така да, имате два пата кои ги бирате. Патот на хистеричните кучкарки, левичарска булумента, која ги донесе овие убиства и која го уништи општеството, не само во Македонија, насек

Богојески повторно со навреди: „хистерични кучкарки“ и „левичарска багра“ за учесничките на протестот против фемицидите | FinPortal.mk

Претседателот на Македонски концепт и професор на Воената академија, Петар Богојески, повторно ја шокираше јавноста со серија навреди упатени кон жените и актив