Бочварски во Собрание: Владата да објасни што се случува со договорот за електричните броила
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пратеникот Благој Бочварски од СДСМ, образложувајќи ја интерпелацијата за министерката за енергетика Сања Божиновска во Собранието, ја обвини Владата дека не ги исполнила ветувањата во енергетскиот сектор. Посебен акцент стави на договорот со ЕВН за електричните броила, за кој, како што рече, сè уште нема јасен одговор од Министерството и од министерката. Бочварски потсети на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ од изборната програма во 2024 година, меѓу кои гасификација на домаќинствата и стопанството, изградба на гасоводи, модернизација на ТЕЦ „Неготино“, развој на водородот како енергенс и реализација на проектот „Чебрен“. Според него, по две и пол години на власт, за голем дел од најавените проекти нема видливи резултати. Тој посочи и дека цената на електричната енергија за домаќинствата во 2026 година е зголемена од 2,45 отсто во првиот блок до 3,84 отсто во четвртиот блок, вклучително и кај евтината тарифа. Дополнително, побара одговори за состојбата во ЕСМ, наведувајќи дека долгот на државното претпријатие е зголемен за повеќе од 17 милиони евра. „Што добија граѓаните од вашата енергетска политика? Добија ли помали сметки за електрична енергија? Добија ли побезбедна енергетска инфраструктура?“, праша Бочварски, барајќи од Владата да ги образложи резултатите од досегашното работење. Тој оцени дека повикувањето на поевтиното гориво во Македонија во споредба со соседните земји не е доволен показател за успех, бидејќи граѓани од соседството со години точеле гориво во пограничните градови. Бочварски се осврна и на проектот „Чебрен“, потсетувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ претходно се залагала за негово државно финансирање, но дека сè уште нема конкретен напредок. Воедно, побара информации за напредокот на гасификацијата и за мерките што треба да придонесат кон подобрување на состојбата во енергетиката. Интерпелацијата за министерката за енергетика Сања Божиновска беше повод пратеникот од опозицијата да ја отвори темата за договорот со ЕВН за електричните броила, за која, според неговит