Битолчани стравуваат дека „Алта банка“ ќе ја доживее судбината на „ТАТ“ и ќе им ги изгори пензиите
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Битолчани, кои веќе еднаш беа изгорени со пропаднатата штедилница и со замрзнатите девизи, стравуваат дека „Алта банка“ ќе биде трет „ТАТ“ и дека ќе им ги изгори пензиите. Ваквата вознемиреност се појави откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на „Алта банка“ АД Белград, сопственик на поранешната „Стопанска банка Битола“, по што експозитурите на „Алта банка АД Битола“ привремено престанаа да работат со клиенти, до дополнително известување. Случувањата добија и симболична димензија во Битола. На 30 октомври, само еден ден пред јавноста да дознае за одлуката на српската Народна банка, во градот беше поставена донацијата на битолската банка – споменикот на народниот пејач Јонче Христовски. Пејачот е извајан во својата препознатлива поза, со јакната во раката. Со должна почит кон пејачот, битолчани деновиве коментираат дека околностите во кои споменикот пристигна во градот се иронични. „Да не се случи од некогашната ‘Стопанска банка АД Битола’, која пред една година е купена од ‘Алта банка’ од Белград, да ни остане само јакната на Јонче Христовски“, коментираат битолчани засегнати од случувањата со банката. Веста за одземањето на дозволата, објавена на 31 октомври, предизвика вознемиреност кај клиентите и во Македонија, особено во Битола, каде што банката има долгогодишна традиција. Граѓани се упатија кон експозитурите и банкоматите за да ги повлечат своите средства. До крајот на денот од „Алта банка“ АД Битола биле повлечени околу два милиона евра, преку готовински исплати и банкарски трансфери. Иако вработените и обезбедувањето ги смируваа насобраните граѓани со уверувања дека банката ќе продолжи со работа на 2 ноември, експозитурите не работат со клиенти. Во меѓувреме, Народната банка на Македонија на 1 ноември воведе привремена мерка со која го ограничи повлекувањето пари на 10.000 денари неделно за граѓаните, а со „Алта банка Битола“ ќе управува токму централната банка. Токму овој ограничен пристап до сопствените средства дополнително ги зг