Битиќи: Три буџетски конструкции за десет месеци — нестабилноста е единствената константа во економската политика на Владата
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, го критикуваше вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, оценувајќи дека честите промени на буџетските планови ја покажуваат нестабилноста на економската политика на Владата. На седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Битиќи посочи дека за неполни десет месеци биле предложени три различни буџетски конструкции, додека дефицитот останува повисок од првично планираниот, а средствата за капитални инвестиции се намалуваат. Тој потсети дека првично планираниот дефицит од 39,239 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, со јулскиот ребаланс бил зголемен на 46,264 милијарди денари или 4,1 процент од БДП. Со октомврискиот ребаланс, како што наведе, дефицитот останува на истото ниво. Истовремено, капиталните расходи се намалуваат за 5,755 милијарди денари, на 40,124 милијарди денари. Според Битиќи, ова покажува дека дополнителниот дефицит повеќе не се користи за зголемување на капиталните инвестиции, туку за покривање на тековните расходи. Тој предупреди и на намалување на средствата за малите и средните претпријатија, технолошко-индустриските развојни зони, странските инвестиции, регионалниот развој, енергетиката и образовната инфраструктура. Пратеникот се осврна и на движењето на странските директни инвестиции, наведувајќи дека тие се намалиле од 218,6 милиони евра во првиот квартал на 18,7 милиони евра во вториот квартал од 2026 година. Тој додаде дека расходите за камати изнесуваат 21,094 милијарди денари, што е повеќе од половина од планираните капитални расходи. Битиќи предупреди дека јавниот долг на 30 јуни достигнал 10,726 милијарди евра и оцени дека до крајот на годината може да надмине 11 милијарди евра. Од министерката за финансии побара објаснување за начинот на кој дополнителните средства се распределуваат во буџетот. Критиката на Битиќи доаѓа во момент кога Владата предлага втор ребаланс на буџетот за оваа година, со што, според него, се потврдува оценката дека единствената стабилна работа во економска