Бирократски пропуст на Погон Шчечин го остави Чурлинов надвор од собирот на Македонија

FinPortal.mk · 22.9.2026 г.

Македонската фудбалска репрезентација претрпе неочекуван удар пред самиот почеток на новиот циклус во Лигата на нации. Еден од најфорсираните офанзивци во моментов, Дарко Чурлинов, нема да може да ги брани боите на националниот тим поради административна грешка на неговиот клуб Погон Шчечин, потврдија од Фудбалската федерација на Македонија. Според информациите, Чурлинов останува заглавен во Полска и не може да допатува на собирот на репрезентацијата. Причината не е повреда, ниту суспензија, туку неажурност на полскиот клуб, кој предоцна ја започнал постапката за обезбедување на потребната работна документација и дозвола за престој за македонскиот интернационалец. Проблемот произлегува од строгите правила за краткорочен престој во Шенген-зоната. Чурлинов веќе подолг период континуирано се наоѓа на територијата на Европската Унија, а бидејќи полскиот клуб навреме не ги средил хартиите, тој е пред надминување на дозволениот лимит од 90 дена престој во период од 180 дена без официјална работна виза. Доколку брзоногиот крилен напаѓач сега ја напушти ЕУ за да ѝ се приклучи на националната селекција, неговото повторно враќање во Полска би значело ризик од сериозни гранични проверки, санкции, па дури и забрана за влез во земјата. Токму поради тоа клубот и играчот се наоѓаат во незавидна положба, а Чурлинов практично е заробен во Полска додека не се комплетира бирократската постапка. Од Фудбалската федерација на Македонија беа информирани за овој пропуст буквално пред самиот официјален собир, иако поканата за Чурлинов до клубот била уредно испратена уште пред три недели. Според информациите од Полска, за комплетирање на бирократската постапка се потребни најмалку две недели, што значи дека шансите тој да допатува во Скопје се сведени на минимум. Федерацијата веќе алармираше на сите фронтови. Таа е во комуникација со Амбасадата на Македонија во Полска, а за случајот е известена и УЕФА во обид да се најде некакво итно правно решение. Сепак, времето не е на страната на македон

Бирократски пропуст на Погон Шчечин го остави Чурлинов надвор од собирот на Македонија | FinPortal.mk

Македонската фудбалска репрезентација претрпе неочекуван удар пред самиот почеток на новиот циклус во Лигата на нации. Еден од најфорсираните офанзивци во момен