FinPortal.mk

Берово утрово најстудено во земјава со минус еден степен

Автор: Редакција на FinPortal.mk  · 
Берово утрово најстудено во земјава со минус еден степен

Утрово најстудено во Македонија било во Берово, каде што се измерени минус еден степен Целзиусови, додека во останатите градови температурата се движела од два до осум степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според податоците на УХМР, во Битола измерени се два степени, во Струмица три, а во Демир Капија, Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка и Маврови Анови по четири степени. Пет степени утрово имало во Попова Шапка, Велес, Штип, Куманово, Прилеп и Претор, додека шест степени се измерени во Охрид, Гевгелија, Кавадарци и на Скопје-Зајчев Рид. Во Крушево температурата изнесувала седум степени, а во Виница осум.

Времето денеска ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 25 степени.

Според најавите на УХМР, дожд се очекува од среда попладне, а пообилни врнежи се очекуваат во четврток.