Бенин изолиран на прошталниот натпревар на Меси во Буенос Аирес

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Фудбалската федерација на Бенин изрази незадоволство од начинот на кој била третирана нивната репрезентација за време на пријателскиот натпревар против Аргентина на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес. Натпреварот беше замислен како голем спектакл и своевиден проштален настап за Лионел Меси во дресот на светскиот шампион, но зад сцената, според тврдењата што ги објави истражувачкиот новинар Ромен Молина, ситуацијата била далеку од идеална за гостите. Молина на социјалната мрежа „Икс“ откри низа ограничувања со кои, наводно, се соочила делегацијата на Бенин. По завршувањето на натпреварот, фудбалерите предводени од селекторот Гернот Рор биле целосно изолирани и не им било дозволено да остварат контакт со аргентинските репрезентативци. На играчите на Бенин, според овие информации, им било забрането да разменуваат дресови со аргентинските ѕвезди, да се фотографираат со нив, па дури и да влезат во ходникот што води кон соблекувалната на домаќинот. Според објавата на Молина, селекторот на Бенин Гернот Рор изјавил дека неговите фудбалери не можеле да се фотографираат со Меси, не добиле аргентински дрес, а им било забрането и да влезат во ходникот и во соблекувалната на Аргентина. Молина, пак, дополнително навел дека Бенин не добил ниту бонус, ниту дел од приходите од натпреварот. Во својата објава тој напиша дека почитта од Аргентинската федерација и играчите кон Бенин изостанала целосно, дека немало бонуси, ниту цент од приходите, немало размена на дресови, ниту една фотографија и имало целосна забрана за влез во аргентинскиот ходник. Според него, сè било направено за бизнис, на грбот на луѓе со кои се однесуваат како да се обичен декор. Незадоволството по натпреварот е само продолжение на проблемите со кои, според информациите, се соочувала делегацијата на Бенин уште пред дуелот. Наводно имало сериозни забелешки и за организацијата, патувањето и условите за сместување во Буенос Аирес. И покрај тоа што „Монументал“ беше исполнет до последното место, а натпреварот прив

Бенин изолиран на прошталниот натпревар на Меси во Буенос Аирес | FinPortal.mk

Фудбалската федерација на Бенин изрази незадоволство од начинот на кој била третирана нивната репрезентација за време на пријателскиот натпревар против Аргентин