Белингам надвор од топ 10, Винисиус паднал дури на 17. место пред доделувањето на „Златната топка

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Само неколку часа пред свеченото доделување на „Златната топка“, беше објавен пласманот на фудбалерите од 11. до 30. позиција, а меѓу нив има голем број звучни имиња. Џуд Белингам и Винисиус Жуниор не успеаја да се пробијат меѓу десетте најдобри, што предизвика изненадување кај фудбалската јавност. Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, го освои 11. место, додека неговиот соиграч Винисиус заврши шест позиции подолу, на 17. место. Пау Кубарси од Барселона е 12-ти, а Деклан Рајс од Арсенал се најде на 15. позиција. Внимание привлекува и распределбата на местата меѓу фудбалерите на Пари Сен Жермен. И покрај европската титула, седуммина играчи на францускиот клуб останаа надвор од првите десет. Ашраф Хакими е 13-ти, Витиња 14-ти, Феран Торес 16-ти, Жоао Невеш 19-ти, Вилијан Пачо 20-ти, Нуно Мендеш 23-ти, а капитенот Маркињос е на 25. место. Меѓу останатите познати имиња, Лаутаро Мартинез од Интер е 22-ри, Луис Дијаз од Баерн Минхен е 24-ти, а капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, се најде на 27. позиција. Листата на првите 30 ја затвора Вилијам Салиба од Арсенал. Пласманот од 11. до 30. место донесе неколку изненадувања, а главното внимание сега е насочено кон најдобрата десетка и конечниот исход од изборот за најпрестижното индивидуално признание во светскиот фудбал.

Белингам надвор од топ 10, Винисиус паднал дури на 17. место пред доделувањето на „Златната топка | FinPortal.mk

Само неколку часа пред свеченото доделување на „Златната топка“, беше објавен пласманот на фудбалерите од 11. до 30. позиција, а меѓу нив има голем број звучни