Беким Сали молчи три дена по обвинувањата дека ја бојкотирал средбата Мицкоски–Вучиќ во Њујорк

FinPortal.mk · 27.9.2026 г.

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, веќе три дена не одговара на директно поставени новинарски прашања дали навистина ја бојкотирал билатералната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, што се одржа во Њујорк. Информацијата за наводниот бојкот засега е објавена исклучиво во повеќе медиуми на албански јазик, без потврда или демант од самиот вицепремиер, поради што останува непотврдена. Според објавите на медиумите на албански јазик, Сали не присуствувал на билатералната средба на македонската делегација со српскиот претседател. Еден од медиумите информацијата ја пренел со директен наслов дека „првиот вицепремиер Беким Сали ја бојкотира билатералната средба во Њујорк со претседателот на Србија, Александар Вучиќ“. Во еден од текстовите се наведува дека отсуството на Сали доаѓа во чувствителен политички момент, во недела кога во фокусот на меѓународното внимание се и случувањата на Западен Балкан, Косово и односите на Србија со регионот. Она што дополнително ја поттикнало сомнежот е фактот дека на фотографиите од средбата со Вучиќ, кои беа јавно објавени, Сали не се гледа. Истовремено, средбата со српскиот претседател не е спомената во ниту една објава на Сали на неговите профили, иако тој има неколку објави со кои промовира што работи во текот на престојот во Њујорк. Спротивно на тоа, Сали сам се пофалил дека бил дел од средбата на Мицкоски со косовскиот премиер Албин Курти, што дополнително ја засилило претпоставката дека неговото отсуство од средбата со Вучиќ не било случајно. По ваквите информации во медиумите, редакцијата директно се обратила до вицепремиерот Сали за да провери дали навистина ја бојкотирал средбата со Вучиќ и, доколку тоа е точно, дали за таквата одлука го известил премиерот Мицкоски и неговиот кабинет. Во прашањата упатени до него се поставува и дилемата дали е дозволиво да се бојкотира билатерална средба само поради ставот на една соседна земја за друга соседна земја, а непо

Беким Сали молчи три дена по обвинувањата дека ја бојкотирал средбата Мицкоски–Вучиќ во Њујорк | FinPortal.mk

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, веќе три дена не одговара на директно поставени новинарски прашања дали навистина ја бојкотирал б