Беџети: Ахмети останува на чело на ДУИ, во партијата нема расположение за негово повлекување

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, засега нема да се повлече од лидерската функција, бидејќи во партијата нема расположение за таков потег. Ова го изјави Блерим Беџети во гостувањето во поткастот „Претрес со Ландов“, пренесувајќи ја актуелната состојба во партиските редови. На прашањето дали Ахмети размислува да се повлече од лидерската позиција, Беџети одговори дека тоа е лична одлука на Ахмети, но нагласи дека во партијата нема расположение тој да се повлече. „Кога ќе се повлече, тоа е негова лична одлука, бидејќи во партијата нема такво расположение за он да се повлече“, рече Беџети во гостувањето. Во однос на можноста за повлекување на Муса Џафери, Беџети посочи дека неговата политичка функција не е поврзана со функцијата на Ахмети. „Муса Џафери е пратеник на ДУИ на Европскиот фронт, и толку. Како што сум јас пратеник и другите колеги“, рече Беџети, јасно разграничувајќи ги двете позиции во партијата. Тој додаде дека Ахмети одлуките во партијата не ги носел сам, туку преку партиските органи, каде што свој придонес имале и други функционери, меѓу кои и Џафери. Според Беџети, ваквиот начин на одлучување покажува дека лидерството во ДУИ функционира преку внатрешни партиски механизми, а не преку поединечни одлуки. Во дебатата беше отворено и прашањето дали Ахмети го одржал зборот дека ќе се повлече доколку ги изгуби парламентарните избори. Беџети оцени дека Ахмети ги добил изборите, а дека актуелната влада е формирана откако, според него, Христијан Мицкоски не го испочитувал гласот на албанскиот електорат. „Господинот Ахмети ги доби изборите“, рече Беџети, посочувајќи на бројот на освоени гласови и пратенички мандати. Изјавата на Беџети доаѓа во момент кога во јавноста периодично се отвора прашањето за иднината на лидерската позиција во ДУИ, но според неговите зборови, во самите партиски структури не постои внатрешен притисок или иницијатива за смена на Ахмети. Тој ја повтори тезата дека евентуалното повлекување би било исклучиво

Беџети: Ахмети останува на чело на ДУИ, во партијата нема расположение за негово повлекување | FinPortal.mk

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, засега нема да се повлече од лидерската функција, бидејќи во партијата нема расположение