Барселона со седум победи по ред го надмина рекордот стар, Рафиња го сруши рекордот на Меси
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Фудбалерите на Барселона ја отворија новата сезона на најдобар можен начин и по седум одиграни натпревари имаат максимален учинок од седум победи. Каталонскиот гигант славеше шест пати во Ла Лига и еднаш во Лигата на шампионите, со што го надмина досегашниот клупски рекорд на најдобар старт во историјата. Досега најдобрите рекорди на Барселона датираа од сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред на почетокот на сезоната. Со денешниот седми триумф, избраниците на тренерот Ханси Флик ја надминаа таа граница и испишаа нова страница во клупската историја. Оваа серија од седум победи ѝ овозможи на Барселона да биде лидер во Ла Лига со три бода предност пред Реал Мадрид. Покрај максималниот број бодови, тимот акумулираше и рекорд по бројот на постигнати голови, откако во седум натпревари постигна вкупно 33 гола, што претставува просек од пет гола по натпревар. Најефикасниот натпревар во оваа серија беше против Расинг, кога Барселона постигна седум гола. По пет гола тимот постигна против Елче, Рајо Ваљекано, Валенсија и Феенорд, додека четири гола им дадоа на Леванте. Најмалку голови во оваа серија Барселона постигна против Билбао, кога славеше со „само“ два гола. Во оваа извонредна серија особено се истакна Бразилецот Рафиња, кој успеа да постигне дури 11 гола играјќи како централен напаѓач. Со тоа, Рафиња стана клупски рекордер, надминувајќи го најдобриот старт на Лионел Меси, најдобриот играч на Барселона на сите времиња, од почетокот на сезоната 2012/13. Дури ни Меси немал ваков учинок во првите седум натпревари од една сезона. Овој рекорд дополнително ја потврдува формата во која се наоѓа Барселона под водство на Ханси Флик, кој во својата прва сезона на клупата на Каталонците успеа да го надмине вековниот рекорд на клубот. Со ваквиот старт, Барселона испраќа јасна порака дека оваа сезона ќе биде сериозен кандидат за сите трофеи. Седум победи од исто толку натпревари, 33 постигнати гола и просек од пет гола по натпревар се број