Барселона повторно со главоболки: Рафиња се повреди на собирот со Бразил
FinPortal.mk · 30.9.2026 г.
Барселона повторно се соочува со добро познатиот проблем кога станува збор за Рафиња и репрезентативната пауза. Бразилскиот напаѓач се повреди на пријателскиот натпревар против Австралија во Бризбејн, што е трет пат по ред кога тој се враќа повреден од собир со националниот тим. Бразилската фудбалска федерација експресно објави дека станува збор за едем на мускулот на десната нога, по што Рафиња е ослободен од претстојната турнеја во Индија и веќе се подготвува за враќање во Барселона. Оваа повреда доаѓа во момент кога Рафиња ја игра сезоната на животот. Откако тренерот Ханси Флик го прекомандува во срцето на нападот, Бразилецот постигна 14 голови и запиша три асистенции на само осум натпревари, тероризирајќи ги одбраните низ Шпанија и Европа. Сепак, формата очигледно не го направи имун на она што во Каталонија го нарекуваат старо проклетство — повредите при заминување на собири со националниот тим. Низата веќе не изгледа како случајност. На Рафиња ова му е трета повреда по ред кога заминува на собир со Бразил. Наместо да одмори, тој мораше да патува на другиот крај на светот, во Бризбејн, за пријателскиот меч против Австралија. Постигна гол од пенал, но не го дочека второто полувреме на теренот, бидејќи мораше да биде заменет поради проблемот со мускулот. Оваа ситуација веднаш ги буди спомените од минатата сезона. Во март, на пријателски натпревар против Франција, Рафиња скина мускул, по што Барселона остана без него за клучниот двомеч со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Управата тогаш со право беснееше, сметајќи дека играч со негово искуство мора да знае да го слуша сопственото тело и да се поштеди на пријателски средби. Надежта сега е дека Бразилецот конечно ја научил лекцијата и навреме побарал измена пред мускулот целосно да пукне. Она што ги смирува страстите во Барселона деновиве е фактот што клубот физички изгледа потполно поинаку од лани. Ханси Флик направи вистинска чистка во кондицискиот тим. Си замина Хулио Тоус, чие време го одбележаа конфликти