Барди по тешкиот собир: „Ќе се вратиме, ова не е крајот на нашата приказна

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди испрати емотивна порака до нацијата по завршувањето на репрезентативниот собир, кој беше обележан со порази и остави длабоки лузни кај јавноста. Во моментот кога македонскиот фудбал се наоѓа во еден од најтешките периоди во својата историја, а критиките кон репрезентацијата доаѓаат од сите страни, Барди преку своите профили на социјалните мрежи излезе пред јавноста со искрена, болна, но и храбра порака, превземајќи ја одговорноста како капитен на тимот. „Дадовме сè од себе, се боревме до крај, но некогаш ни максимумот не е доволно. Многу тешки денови поминавме, за секој било тешко, идеме заедно да се вратиме подобри. Само критика и маски… Разочарувањето боли. Но, ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“, напиша капитенот на македонската репрезентација во својата објава. Пораката на Барди доаѓа во период кога јавноста со право е разочарана од резултатите на репрезентацијата, а критиките фрчат од сите страни. Токму во такви моменти, кога бродот тоне, најтешко е да се излезе напред и да се преземе одговорност, но капитенот на македонската репрезентација го направи токму тоа — застана пред нацијата и ја прими тежината на моментот врз своите плеќи. Во својата објава, Барди јасно посочи дека разочарувањето е длабоко и болно, но истовремено потсети дека македонскиот народ и фудбалот низ годините секогаш наоѓале сила да се вратат по најтешките удари. Тој ги повика сите да останат обединети и заедно да работат на враќање кон подобри денови, нагласувајќи дека само критиката и поделбите не можат да донесат напредок. Како што беше потенцирано и во неодамнешна колумна на редакцијата на „Спортска Станица“, вистинските навивачи на трибините немаат апсолутно никаква замерка за залагањето, борбеноста и срцето кое капитенот го остава на теренот секој пат кога ќе го облече светиот дрес. Барди

Барди по тешкиот собир: „Ќе се вратиме, ова не е крајот на нашата приказна | FinPortal.mk

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди испрати емотивна порака до нацијата по завршувањето на репрезентативниот собир, кој беше обележан