Барбов: Ива Михаилова ја упатив во Бугарија поради здравственото осигурување, не знаев дека не смее да ја напушти земјата

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Препораката Ива Михаилова да го продолжи лекувањето во Бугарија не произлегла исклучиво од нејзината медицинска состојба, туку и од фактот што таа поседувала бугарско здравствено осигурување. Ова во емисијата „Претрес“ го откри проф. д-р Иван Барбов, лекарот од Клиниката за неврологија кој ја следел здравствената состојба на Михаилова по сообраќајната несреќа. Според неговите зборови, Михаилова при прегледите му кажала дека поседува македонско и бугарско државјанство, дека живее во Бугарија и дека таму е здравствено осигурана. Токму тоа, како што објасни Барбов, било главната причина да предложи понатамошното лекување да го продолжи во Бугарија, за да не биде изложена на дополнителни трошоци за приватни прегледи и испитувања. „Главната причина беше дека јас знам дека она има два пасоши, има осигурување во Бугарија и логично беше да предложиме да го продолжи лекувањето во Бугарија“, изјави Барбов во „Претрес“. Тој нагласи дека во моментот кога ја давал препораката не знаел дека на Михаилова ѝ бил одземен пасошот и дека постојат ограничувања за нејзиното заминување во странство. „Не знаев дека не смее да ја напушти Македонија“, рече лекарот, опишувајќи ја ситуацијата во која се нашол при давањето на предлогот. Дополнително, Барбов откри дека предлогот за третман со пумпа не бил разгледуван на стручен колегиум, ниту била спроведена процедура за конзилијарно упатување на лекување во странство. „Тоа беше само предлог од мене. Тоа не отиде на стручен колегиум“, појасни тој. Лекарот објасни дека за формално упатување на лекување во странство преку Фондот за здравствено осигурување постои посебна процедура, но Михаилова немала македонско здравствено осигурување, поради што таква постапка не била иницирана. Оттука, како што рече, неговиот предлог останал само на ниво на лична препорака, без да помине низ институционалните чекори предвидени за вакви случаи. Михаилова првпат била хоспитализирана на Клиниката за неврологија на 28 декември 2025 година, а отпуштена на 31 декември

Барбов: Ива Михаилова ја упатив во Бугарија поради здравственото осигурување, не знаев дека не смее да ја напушти земјата | FinPortal.mk

Препораката Ива Михаилова да го продолжи лекувањето во Бугарија не произлегла исклучиво од нејзината медицинска состојба, туку и од фактот што таа поседувала бу