Банките во Македонија резервираат помалку пари за лоши кредити – загубите паднаа на 26,4 милиони евра
FinPortal.mk · 16.9.2026 г.
Загубите од лошите кредити во македонскиот банкарски сектор бележат намалување, што претставува позитивен сигнал за стабилноста на финансискиот систем, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Според овие податоци, загубите поради оштетување, односно исправка на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за потенцијални кредитни загуби од вонбилансната задолженост, се намалија од 30,8 милиони евра во првото полугодие од 2025 година на 26,4 милиони евра во првото полугодие годинава. Ова намалување доаѓа во услови кога профитабилноста на банкарскиот сектор се намалува, пред сè поради зголемените трошоци за работа. Како што потврдуваат податоците, доколку не постоело ова намалување на загубите од лошите кредити, падот на добивката на банките ќе бил уште поголем. Имено, во првите шест месеци лани банкарскиот сектор остварил чиста добивка од 150,2 милиони евра, додека изминатово прво полугодие го завршил со нето-добивка од 137,5 милиони евра. Експертите со кои разговараше редакцијата оценуваат дека станува збор за позитивен тренд, што значи дека банките имаат помалку пари резервирани за лоши пласмани, односно кредити оценети како нефункционални. Според нив, ваквото движење е показател дека притисокот од ненаплатените побарувања врз билансите на банките се намалува, што им дава поголем простор за кредитна активност и за одржување на капиталната стабилност. За да се разбере суштината на овие бројки, потребно е да се објасни што всушност претставува исправката на вредност во банкарските извештаи. Наједноставно кажано, тоа е износ што банката го издвојува како трошок затоа што проценува дека дел од нејзините побарувања или други финансиски средства можеби нема да ги наплати во целост. На пример, ако банката има кредит од 10 милиони денари и процени дека клиентот има проблеми со отплатата и дека можеби нема да ги врати сите 10 милиони, банката прави исправка на вредноста, да речеме од 2 милиони денари. Тие 2 милиони се признаваат како расход, односно ја н