Банкарскиот сектор во земјава со 15,5 милијарди евра актива: годишен скок од 1,5 милијарди
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Банкарскиот сектор во Македонија го затвори првото полугодие од 2026 година со вкупна актива од 15,5 милијарди евра, што претставува впечатлив раст на годишно ниво. Според најновите податоци на Народната банка, салдото заклучно со 30 јуни е за околу 300 милиони евра поголемо од крајот на минатата година, кога активата изнесуваше 15,2 милијарди евра. На годишно ниво, пак, растот е уште поизразен — банкарскиот сектор располага со 1,5 милијарди евра повеќе отколку во истиот период лани, кога првото полугодие го заврши со 14 милијарди евра. Вкупната актива на една банка опфаќа сè што банката го има како имот или побарување, односно сè во што се вложени средствата на банката. Во неа влегуваат кредитите што банките им ги дале на граѓани и фирми, парите што ги држат на сметки кај Народната банка и други банки, готовината, државните и другите хартии од вредност, другите финансиски средства и побарувања, како и материјалните средства. Токму структурата на оваа актива покажува што стои зад растот на банкарскиот сектор. Корпоративното кредитирање го држи стапалото на гасот. Вкупните кредити на банките на крајот од јуни достигнаа 9,6 милијарди евра, а кредитирањето во јуни забележа импозантен годишен раст од 13,1 отсто. Притоа, евидентиран е поголем раст во корпоративниот сектор, каде кредитирањето за една година се зголеми за 14,2 отсто, додека кај домаќинствата растот изнесува 12,2 отсто. И покрај тоа што фирмите бележат побрз раст, во апсолутен износ кредитирањето на домаќинствата е малку поголемо од кредитирањето на фирмите. Вкупниот износ на кредити кај фирмите на крајот од првото полугодие изнесува 293,8 милијарди денари, додека кај домаќинствата е 294,4 милијарди денари. И двата износи се движат околу 4,8 милијарди евра, со малку плус на страната на домаќинствата. Овие бројки покажуваат дека кредитната активност е речиси подеднакво распределена меѓу компаниите и граѓаните, иако динамиката на растот е нешто посилна кај фирмите. Од другата страна на билансот, депозитите го