Азески: Сите законски механизми да се активираат за заштита на капиталот на граѓаните и фирмите во случајот со АЛТА банка

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска порача дека во случајот со АЛТА банка мора целосно да се почитуваат одредбите од законодавството што се во моментов на располагање и тие да се употребат енергично и брзо, за да не дојде до никакво нарушување и да се заштити капиталот на граѓаните и фирмите. Азески ова го изјави по работниот состанок за деловно партнерство со скопските рурални општини, одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот АЛТА банка. Тој нагласи дека Комората и Народната банка многупати се наоѓаат на различни позиции, но во случаи што можат да влијаат на националната економија, двете институции треба да бидат обединети. Според Азески, тој останува на ставот дека македонскиот банкарски сектор е добро регулиран, но, како и секој граѓанин на оваа држава, би сакал да види и превентивни мерки. „Секогаш сум тврдел дека банкарскиот сектор е добро регулиран кај нас и дека избегнавме низа вакви кризни ситуации, веројатно заради тоа. Не можам да речам дека е тоа направено со 100-процентна прецизност, но не е дозволено да дојде до рушење на целиот тој систем, што не би било добро“, изјави Азески. Тој додаде дека и понатаму треба да опстанат силни мерки што ќе ги спречат сите можни злоупотреби на овие процеси, но истовремено нагласи дека би бил среќен, како и секој граѓанин на оваа држава, да види и превентивни мерки. „Тоа значи дека се преземаат превентивни мерки, па се преземаат извршни мерки кои ја санираат ситуацијата“, објасни претседателот на Стопанската комора. Азески оцени дека капацитетот на Народната банка, и во однос на човечкиот фактор и во однос на искуството, е доволен гарант дека нема да се наруши позицијата на банкарскиот сектор. „Тоа не смее да се случи во економија како нашата која е на почетокот од својот развој, туку напротив, треба со тоа да ја гарантира позицијата на стабилност на бизнисот и задоволување на потребите од услугите што ги дава банкарскиот сектор“, истакна Азески. Случајот со АЛТА банка

Азески: Сите законски механизми да се активираат за заштита на капиталот на граѓаните и фирмите во случајот со АЛТА банка | FinPortal.mk

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска порача дека во случајот со АЛТА банка мора целосно да се почитуваат одредбите од закон