Азески: Поголем БДП, поголем профит за компаниите и повисок стандард за граѓаните
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Државата со поголем бруто-домашен производ, компаниите со поголем профит и граѓаните со повисок стандард – тоа е целта кон која се стреми Стопанската комора, порача нејзиниот претседател Бранко Азески во интервју за „Економија и Бизнис“. Тој нагласи дека Комората постои за фирмите, односно за своите членки, чии потреби ги следи, се прилагодува на новите текови на работење и излегува во пресрет за бизнисот да ја врши својата функција. Азески истакна дека следењето на трендовите е основно правило во работењето, бидејќи, како што рече, ако не го следиш трендот, излегуваш од игра. Според него, живееме во 21 век, во ера на дигитализација и вештачка интелигенција, што ги влече процесите да се движат со многу голема брзина, а тоа е истата патека по која чекори и бизнисот. Тој потсети дека Комората не случајно добива меѓународни награди во континуитет. Нашата визија е да имаме што поголем број конкурентни членки кои што ќе работат глобално, рече Азески, додавајќи дека Комората работи во таа насока и со цел нејзините членки да направат поголем профит. Тој ја нагласи и улогата на Комората како природен партнер на јавниот сектор, оценувајќи дека единствено во партнерство може да се постигне заедничката цел – економски просперитет. Според него, коморите во секоја развиена демократија секогаш биле значаен фактор во државата, а според многумина аналитичари, местото на коморите е веднаш до најрепрезентативните државни институции – Парламентот и Владата. Говорејќи за извозната политика, Азески оцени дека македонската извозна политика треба да се насочи од класично субвенционирање на производството кон активна и системска поддршка на компаниите во освојувањето странски пазари, зголемувањето на конкурентноста и создавањето поголема домашна додадена вредност. Фокусот, како што рече, не треба да биде само на тоа колку извезуваме, туку и што извезуваме, на кои пазари и колкава економска вредност останува во Македонија. Претседателот на Комората посочи и неколку конкретни барања на бизни