Австрија не открива кој предлог за проширување ќе биде избран на 30 септември

FinPortal.mk · 21.9.2026 г.

Австрискиот амбасадор во Северна Македонија, Мартин Памер, изјави дека сè уште не е јасно кој од предложените документи за новиот модел на постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија ќе биде прифатен. Изјавата е дадена во пресрет на 30 септември, кога се очекуваат нови чекори на Европската комисија во процесот на проширување, пренесува Колегиум. Памер на денешниот настан во Скопје, со кој Австрија го презема претседавањето со иницијативата „Славков 3“, беше прашан кој од нон-пејперите за иднината на проширувањето „ќе победи“ на 30 септември. „Ова сè уште не е целосно јасно. Сè уште трае процесот на дискусија за различните документи“, одговори австрискиот амбасадор. Според изворот, во мај годинава Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија предложија систематска секторска интеграција на земјите од Западен Балкан во единствениот пазар на Европската Унија. Предлогот предвидува постепено отворање на конкретни сектори за земјите кандидати, паралелно со исполнувањето на условите и усогласувањето со европските правила. Претходно, Франција и Германија предложија поширок модел на постепена интеграција, со кој кандидатите би можеле постепено да добиваат пристап до делови од единствениот пазар, европските програми и одредени институционални механизми уште пред полноправното членство. Двете земји нагласуваат дека таквиот модел не треба да го замени полноправното членство, туку да го забрза патот до него. Како што се наведува, постепената интеграција е веќе дел од пристапот на Европската Унија кон Западен Балкан. Европската комисија преку Планот за раст предвидува земјите од регионот постепено да добиваат дел од придобивките од единствениот пазар пред полноправното членство, во замена за спроведување реформи. Австрискиот амбасадор најави дека на 27 септември во Виена ќе се одржи министерска конференција на земјите од Западен Балкан и „Славков 3“, на која ќе се разговара за напредокот и иднината на процесот на проширување. „Она што е позитивно е дек

Австрија не открива кој предлог за проширување ќе биде избран на 30 септември | FinPortal.mk

Австрискиот амбасадор во Северна Македонија, Мартин Памер, изјави дека сè уште не е јасно кој од предложените документи за новиот модел на постепена интеграција